×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Крива Паланка ќе се отвори детска градинка со капацитет за 102 деца

    02.02.2022 17:11 | Сузана Николиќ

    Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска разговараа за спроведување на Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа, која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка.

    Во Крива Паланка ќе се отвори детска градинка со капацитет за 102 деца

    „За брза  реализација на проектите неопходна е успешна соработка на централната и локалната власт бидејќи само така ќе имаме задоволни граѓани. Таква е соработката со општината Крива Паланка, каде во завршна фаза е детската градинка „Детелника“ која очекуваме наскоро да се отвори и да згрижи 102 деца“, рече Тренчевска.

    Градоначалникот Митовски, ја информираше министерката Тренчевска, дека Oпштината е заинтересирана со поддршка на МТСП, да биде отворена Установа за вон семејна заштита на стари лица.