×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вo Крива Паланка отворена локална пратеничка канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ

    12.03.2021 21:20 | KumanovoNews

    Канцеларија за контакт со граѓаните на пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, беше отворена денеска во Крива Паланка.

    Вo Крива Паланка отворена локална пратеничка канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ

    Канцеларијата ќе работи секој ден, а во петок ќе присуствува и Василевска во прилог на остварување на комуникација со граѓаните и одблиску да се слушнат нивните проблеми и потреби.

     „Преку оваа локална канцеларија граѓаните ќе можат да се информираат за работата на Собранието и да остварат средби со мене како пратеничка. Преку непосредна комуникација. граѓаните ќе имаат можност за размена на информации, предлози и сугестии, со цел да се зголеми нивнтото учество во работата на Собранието“, рече Василевска.

    „Канцеларии за контакт со граѓаните“ е проект кој Собранието го започна во 2003 година, а го реализира со поддршка на НДИ, УСАИД, ИПД, Швајцарската агенција за развој и соработка и ЗЕЛС.

    (Ж.Ц.)