×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липково ќе добие Дневен центар за деца со попреченост

    26.07.2021 06:59 | Сузана Николиќ

    На Здружението Имаго Плус ќе му биде доделена лиценца за давател на социјална услуга за деца со попреченост во општина Липково.

    Липково ќе добие Дневен центар за деца со попреченост

    Провајдерот ќе ја спроведува услугата во Дневниот центар за деца со попреченост, лоциран во селото Оризаре. 

    „Услугата обезбедува дневно згрижување, превентивни и социјални активности, едукација и стручна професионална поддршка и интервенција за децата со попреченост од населените места во општината“, соопштуваат од Министертсвото за труд и социјална политика.

    Оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. 

    Промоцијата на Дневниот центар за деца со попреченост ќе биде денеска во 14 часот, а ќе присуствува министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.