Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во втората изборна единица на парламентарните избори, според бројот на гласови, најголем број на пратенички места освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ осум, четири „Европски фронт“ на ДУИ, три колицијата Вреди, по два СДСМ и ЗНАМ, и еден Левица.
Коалицијата „За твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 66.422 гласови, коалицијата на ДУИ 30.626, Вреди 25.820, коалицијата на СДСМ 18.631, ЗНАМ 16.229 и Левица 10.673 гласови.
Во новиот состав на Собранието претставници од Куманово ќе бидат Бобан Николовски, директор на „Куманово-план“, пратениците Бране Петрушевски и Иван Стоилковиќ, Оливер Спасовски, поранешен министер на МВР, Даниел Стојчевски директор на ЈП „Чистота и зеленило“.
Според официјални податоци на Државната изборна комисија за изборната единица 2, запишани се 321.087 избирачи. Излезноста била 54,85 проценти, односно на гласање излегле 176.102 избирачи, на 504 избирачки места.
Покрај Куманово, во оваа изборна единица се и гласовите од општините Ѓорче Петров, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Чаир, Бутел, Гази Баба, Липково, Арачиново и Старо Нагоричане.
На 8 мај се одржаа единаесеттите парламентарни избори во самостојна Македонија, каде се гласаше за состав на Собранието во периодот 2024 до 2028 година. Идната влада ќе ја формира коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ која освои 58 пратенички места.