×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хигиената во градот-врвен приоритет за новиот градоначалник на Крива Паланка

    15.11.2021 18:26 | Жаклина Цветковска

    Новиот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски веднаш по стапувањето на функцијата побара од надлежните служби да започнат со интензивно чистење на најпрометните локации во градот.

    Хигиената во градот-врвен приоритет за новиот градоначалник на Крива Паланка

    Веќе е исчистена пешачката патека покрај Крива Река, воведено е ноќно миење на улиците, а извршено е и темелно чистење на Градскиот зелен пазар.

    Митовски истакна дека хигиената на градот е врвен приоритет и дека следува целосна реорганизација на планот и програмата за секојдневно чистење на градот.

    „Одржувањето на чиста и убава Крива Паланка ќе биде препознатлив знак на моето работење и работењето на ЈП„Комуналец“. Секогаш во служба на граѓаните“, вели Митовски.

    Тој присуствува на сите активности за чистење на градот без разлика дали се во работен ден или за време на викендите.