×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна проширување и тампонирање на патот кон манастирот Карпино

    10.10.2023 13:05 | Оливера Пешевска

    Започнаа градежните работи за поправка, проширување и тампонирање на патот до манастирскиот комплекс Карпино во Сув Ора, Општина Старо Нагоричане. Санацијата ќе биде во должина од 2.400 метри, а се очекува да заврши во наредни десетина дена, иако договорот предвидува да се предаде во употреба на 30 ноември.

    Започна проширување и тампонирање на патот кон манастирот Карпино

    „Изведувачот не теренот со тешка механизација и очекуваме работите да бидат завршени за десетина дена. Горди сме на овој проект, затоа што ќе се направи пристапен пат до манастирот Карпино, што значи и збогатување на туристичката понуда на крајот. Секако за населението и верниците е од исклучителна важност овој објект“, изјави Бобан Цветановски, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.

    Патот е тешко прооден поради големите оштетувања, дури и за теренски возила и џипови, па со поправката се очекува посетителите да можат со сопствени возила да стигнат до Карпино, важен културно-историски објект, кој е сместен во недопрена природа.

    Преку Бирото за рамномерен развој се обезбедени 3,5 милиони денари, за изведувач на работите е фирмата „Фишер-Тихи“ од Куманово. Од Здружението за заштита на манастирот Карпино најавуваат обновување и на конаците.

    Манастирот Карпино е  изграден во 14 век и е позната скрипторска школа од 16 век. Според податоците од Институтот за македонска книжевност, во манастирот Карпино живееле над 300 калуѓери и тој важел како црковно - духовно и културно јадро за овој регион. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во Москва, Софија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на ќелијно училиште.

    Скапоцената колекција на стари празнични икони се наоѓа во галеријата на икони во соборниот храм „Свети Никола” во Куманово.