×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затвореници од кривопаланечкото одделение на Затвор Куманово ќе вршат општокорисна работа

    14.04.2022 20:25 | Жаклина Цветковска

    Директорот на  КПУ Затвор Куманово  Ненад Цветковиќ  и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски потпишаа договор за деловно-техничка соработка, која се однесува на ангажирање на осудени лица, кои отслужуват казна во отвореното одделение во Крива Паланка,  за потребите на општината.

    Затвореници од кривопаланечкото одделение на Затвор Куманово ќе вршат општокорисна работа

    Овие затвореници ќе извршуваат општокорисна работа и ќе бидат ангажирани за потребите  на ЈП „Комуналец“  Крива Паланка.

    „Преку овој ангажман  им се помага на овие лица во процесот на нивната ресоцијализација и реинтеграција во општеството, а воедно  се дава значителен придонес за одржување на  хигиената  и на почиста животна средина во општината“, истакнува Митовски.

    КПУ Затвор Куманово  досега  има спроведено неколку вакви акции, кои наидоа на позитивна реакција од сите граѓани, а планираат со истите да продолжат и во иднина.