Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Објектот „Поточиња“, кој е дел од Детската градинка „Детелинка“ во Крива Паланка надограден е со пет занимални со капацитет за згрижување на уште 100 деца.
Во градинката извршена е надградба на кат и реконструкција на постоечкиот објект со вкупна инвестиција од 21.6 милиони денари, обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка, како и со кофинасирање од Општината од 3 милиони денари.
„Секое дете во кое се има можност да се инвестира во ран детски развој е дете кое ќе има поголема можност за успех понатаму во животот. Тоа е нашиот влог во иднината на овие деца. Грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките на унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување. “, истакна премиерот Димитар Ковачевски, при посета на градинката.
Капацитетот е зголемен за 105 деца со нови 5 занимални,а градинката е приспособена за нормативите за лица со попреченост, со тоалет за нив и има пристапна рампа.