Мени

Советот утре ќе расправа за поскапување и уредување на јавниот превоз во Куманово

28.10.2026 11:16 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница со 20 точки на дневен ред. 

Советот утре ќе расправа за поскапување и уредување на јавниот превоз во Куманово

Советниците ќе расправаат и за Предлог-одлуката за уредување на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, со која се предвидува продолжување на дозволите за работа на автопревозниците и зголемување на цената на билетот за 15 денари.

Меѓу останатите точки на дневниот ред се и извештаите за работата на јавните установи, програмите за работа, проширувањето на буџетот, како и предлозите за збратимување на Куманово со уште четири општини.

Седницата ќе започне во 10 часот, а директен пренос ќе се емитува на ТВ Плус и на сајтот на Општина Куманово.

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Општина Херцег Нови – Република Црна Гора;
2. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Град Источно Сараево – Република Српска, Босна и Херцеговина;
3. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Град Караганда – Република Казахстан;
4. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Општина Чајетина – Република Србија;
5. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за давање на трајно користење на градежна машина „Caterpillar“ на Општина Куманово;
6. Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;
7. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;
8. Програма на Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Општина Куманово за 2027/29 година, со акциски план;
9. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2026 година до 30 јуни 2026 година;
10. Предлог – Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
11. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2026 година;
12. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
13. Предлог – Одлука за давање согласност за прифаќање на донација на движни ствари на ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово;
14. Предлог – Одлука за давање согласност на Дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2026 година;
15. Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 03/26 – делумно повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;
16. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 03/26 – второ делумно повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;
17. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Управниот одбор на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово;
18. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор на ООУ „Браќа Рибар” – с. Табановце;
19. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор на ООУ „Јероним Де Рада” – с. Черкези;
20. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово.