×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жители од Липково нелегално превезувале огревно дрво

    05.10.2023 16:33 | KumanovoNews

    Жители од Липковско се откриени при нелегален транспорт на огревно дрво од страна на  полициски службеници, вчера  во 19.00 часот.

    Жители од  Липково нелегално превезувале огревно дрво

    Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола на два трактора со приколка и едно запрежно возило.

    При контролата на два трактора со приколка, управувани од Б.Ј.(37) и Ч.М.(21), и двајцата од село Алашевце, општина Липково, констатирано е дека вршат превоз на огревно дрво без жиг и испратница. При преглед на запрежно возило,пак, сопственост на С.А.(22) од с.Извор, општина Липково, било констатирано дека превезува огревно дрво без документација.

    Дрвата и возилата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.