Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 7 и 8 јули во Кратово ќе се одржи фестивалот „Златни денови Кратово 2023“ со богата културно-уметничка програма и настап на врвни македонски естрадни уметници од народната и рок-поп музиката.
Првиот фестивалски ден, 7 јули, започнува во 20 часот, а ќе настапат Благица Павловска, Горан и Ленче Кукиќ , Елена Андоновска, Јордан Митев, Душко Георгиевски и Елена Јовческа, придружувани од оркестарот на Мерак Меана, Скопски Боеми и Браќата Нуне, како и Кратовските тамбураши, Етно состав Мелем и Драган Темелков – Џони. Ексклузивно, Јордан Митев на оваа фестивалска сцена ќе ја промовира својата нова песна и спотот кој е снимен токму во Кратово.
Втората вечер, на 8-ми јули, посетителите ќе ги забавуваат познатите пејачи и групи од македонската поп - рок сцена како Ламбе Алабакоски, Нокаут, Суперхикс, Некст Тајм, ДиЏеј Ерик Фокс и Рок бендот Д’фендерс, кои се гаранција за незаборавна саботна фестивалска вечер.
Фестивалот Златни денови Кратово 2023 е приказна која започнува во 2014-та и од тогаш до денес има за цел да ги сплоти, не само кратовчани, туку и сите љубители на убавата музика и одличната забава.
Манифестацијата е одлична можност публиката да се запознае и со историјата на градот на кулите и мостовите - Кратово и да ужива во прекрасната музика, кратовските гурмански специјалитети и одличната забава.