Се пошумува атарот на селото Жегљане, во кумановско ќе се засадат над 100 илјади садници на црн бор Трае акцијата за пошумување во атарот на село Жегљане, во Козјачијата, која ја спроведува ЈП „Национални шуми“, подружница Куманово, како дел од годинешната акцијата за пошумување – „Пошумуваме заедно 2023“. Покрај Куманово ќе се пошумува и на 34 други различни локации во државата, во 19 различни реони. Акцијата на ЈП „Национални шуми“ започнува токму од кумановскиот регион.
Нормализиран сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка Од 18.15 часот сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка е нормализиран и се одвива непречено, без застои и ограничувања, информираат од АМСМ.
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка од одрони, сообраќајот се пренасочува по алтернативна делница Одрони од карпи предизвикани од обилните врнежи го блокираа магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај „Ругинска кривина“ во село Ругинце.
Нела Јанковска, добитничка на годишната награда за скулптура на ДЛУМ Македонската скулпторка Нела Јанковска од Крива Паланка е добитничка на годишната награда за скулптура на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), кое традиционално секоја година на годишна изложба доделува 4 награди и тоа за сликарство, склулптура, графика и за млад автор.
Утре Компиријада 2023 во Кратово Во Кратово, утре (28 октомври), со почеток во 11 часот, ќе се одржи традиционалната манифестација „Компиријада 2023“.
Алгуња ќе добие водовод вреден 360.000 евра Започна изградбата на водоводната мрежа во должина од околу 3 километри во селото Алгуња, во општина Старо Нагоричане. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за транспорт и врски, а ќе чини нешто повеќе од 22 милиони денари или околу 360 илјади евра.
Ретроспективна изложба на академскиот сликар Роберт Цветковски во Крива Паланка Во Градскиот музеј од Крива Паланка, вечерва, во 19,30 часот, ќе биде отворена изложбата „Мал формат – ретроспектива“ од академскиот сликар Роберт Цветковски, со која се дава ретроспектива на неговото 30-годишно творештво.
Целовечерен концерт во чест на Вања Лазарова во Кратово, во изведба на Ансамблот “Македонија” од Штип Целовечерен концерт во чест на легендарна пејачка на изворни народни песни Вања Лазарова ќе одржи универзитетскиот ансамбл “Македонија” при УГД Штип во Мултимедијалниот центар (кино сала) во Општина Кратово, утре, на 27 октомври, со почеток во 19 часот.
Староградска етнолошка изложба „Од паланчани за паланчани“ во Градскиот музеј од Крива Паланка Подарени предмети – раскажана историја претставува староградската етнолошка изложба „Од паланчани за паланчани“ на Градскиот музеј од Крива Паланка на која се претставени репрезентативни предмети од старите кривопаланечки фамилии.
Кратово домаќин на научен собир за фолклористика Изминативе денови Кратово пулсираше во духот на македонскиот фолклор.
Со реконструкција и проширување на главната улица ќе се решава сообраќајниот метеж во Крива Паланка Крива Паланка ќе добие нов модрен лик и зголемена функционалност на главна градска улица која е најфрекфентната сообраќајница во градот.
Со учество на граѓаните ќе се изготвува буџетот на Општина Крива Паланка за 2024 година Буџетот за 2024 година на Општина Крива Паланка и овојпат ќе биде изготвен со активно учество на граѓаните и тоа преку повеќе форми на нивно партиципирање.
Економско зајакнување на жените од кривопаланечките рурални средини преку обуки за женски бизниси Десетина жени од руралните средини ги зајакнаа своите капацитети и вештини за претприемништво преку серија обуки што ги спроведе Општина Крива Паланка во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) .
Изработен виртуелен туристички водич за Крива Паланка Најатрактивните туристички локалитети и мапата на Крива Паланка отсега се достапни преку виртуелен туристички водич на кој визуелно се претставени најзначајните туристички точки за посетителите.
Со средства од Општината ќе се реконструира водоводната мрежа во Младо Нагоричане Во селото Младо Нагоричане започна реконструкција на воводната мрежа. Проектот го финансира Општина Старо Нагоричане во висина од 1.3 милиони денари, а изведувач на работите е Јавното комунално претпријатие „Козјак“.
Изложбата „Јас и моите пријатели“ од Мики Трендафиловски во Крива Паланка Во галерискиот простор на НУ Центар за култура од Крива Паланка денеска беше отворена изложбата „Јас и моите пријатели“ од реномираниот кумановски сликар Мики Трендафиловски.