×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Првите бомби во Втората светска војна во Југославија паднале врз Куманово - потсетување на 6 април 1941 година

    06.04.2023 14:52 | KumanovoNews

    Се навршуваат 82 години од инвазијата на Германија на Кралството Југославија, која се случила на 6 април 1941 година и го означила почетокот на Втората светска војна во Југославија. 

    Првите бомби во Втората светска војна во Југославија паднале врз Куманово - потсетување на 6 април 1941 година

    Нападот е направен по копнен и воздушен пат од неколку правци. Германски, италијански и унгарски војници навлегле на територијата на Југославија од Италија, Австрија (тогаш дел од Третиот рајх), Унгарија, Романија и Бугарија. На првиот ден од светската војана во 6.30 часот бил бомбардиран и разурнат Белград, но два часа пред него и Куманово. Во исто време започнал германскиот напад на Грција. Војната завршила на 17 април 1941 година со капитулација, окупација и поделба на Југославија. 

    На 6 април Германците двапати го бомбардирале Куманово. Тоа рано утро помеѓу 4.30 и 5 часот,  со 17 Месершмита Ме-109 и еден разорувач Ме-110 го нападнале аеродромот „Режановска коса“,  на месото каде бил сместен резервниот аеродром. Авионите долетале од правецот Нагоричане - Страцин. 

    Претпладнето, додека успешно била водена борбата на пилотите, германски авиони ја бомбардирала само Железничката станица, и тоа околината на станицата и железничката пруга, додека станичната зграда не ја ни митралирале. 

    Бомби паѓале и во самиот град Куманово.  Попладнето, некаде околу 16 часот, извршиле и бомбардирање и на останатите објекти во центарот на градот.   Била урната  покривната конструкција на градската општина, имало експлозии кај основното училиште,  новата црква, во близина на старата гимназија, кај воената пекарница, околу поштата, над добиточниот пазар – каде  што биле магазините на Проевскиот сокак.  Имало и цивилни жртви, а загинале и петнаесет војници, кои се наоѓале на положбата некаде околу старата воена болница (во Средорек). 

    На Споменикот на авијатичарите кој се наоѓа на улица „Никола Тесла“,  испишани се имиња на 15 пилоти, кои на 6 април 1941 година, своите животи ги дале во воздушен судир против германско-фашистичкиот завојувач. Во воздушниот нападот имало и цивилни жртви. Во оваа прилика во продолжението ќе споделиме кратки биографии на пилотите кои загинаа на овој ден,  но ќе споделиме и список на загинато цивилно население.   

    Тогаш загинале пилотите:

    Пуковник Фредо Градишник, пилот-ловец

    Фердо бил роден во 1899 година во селото Велики Лешнов во Истра. По завршувањето на Воената академија, во 1922 година влегол во воздухопловните сили, каде најпрвин завршил обука за извидник, а потоа, по школата за пилоти, станал пилот-ловец во 1925 година. Оние кои се сеќавле на него и кои оставиле пишани спомени за овој доблесен Словенец велеле дека тој бил еден од најдобрите, ако не и најдобриот наш пилот меѓу двете светски војни. 
    Третиот ден, 8 април, полкот добил наредба да дејствува по непријателското движење на единиците во Качаничката Клисура. Фердо ги предводел своите луѓе и прв ја нападнал колоната тенкови на патот Скопје-Куманово. До денес останува нејасно дали Фердо згрешил и го довел авионот премногу ниско во објектот на акција, а ударниот бран, односно експлозијата на бомбите што ги доставувал до германските тенкови го оштетил авионот на Градишник, предизвикувајќи да се урне, или дали тоа го направи германскиот флак оган кој соборил уште неколку наши авиони, но тоа бил крај на овој световен живот за храбриот Словенец Фредо.

    Капетан I класа Константин Јермаков, пилот-ловец

    Константин бил роден во Стара Константинскаја, Русија, на 21 мај 1909 година. Семејството по Октомвриската револуција побегнало во Србија. По завршувањето на Воената академија, Константин се приклучил на воздухопловните сили и по завршувањето на обуката, во 1937 година, се здобил со чин ловец. Војната го затекнала на должност како командант на 112-та борбена ескадрила на аеродромот Режановска Коса кај Куманово. Загинал на 6 април во утринските часови, додека Белград сè уште спиел и не знаејќи што му се подготвува. Пред да загине, иако во многу полош Хокер, успеал да сруши еден германски Месершмит.

    Капетан I класа Војислав Поповиќ

    Воислав бил родум од Јајце. Бил роден на 10 септември 1905 година. По завршувањето на подофицерското инженерско училиште стапил во здухопловството, каде најпрвин завршил курс по радиотелеграфика, а потоа успеал да се запише на Школата за пилоти во Мостар, каде по сите етапи на обуката во 1931 година добил офицерски чин и титула ловец. Априлската војна го затекнала на должност како командант на 111-та борбена ескадрила, на аеродромот Режановска коса-Куманово.
    Кога се огласи алармот во тие рани утрински часови на 6 април, капетанот Поповиќ бил меѓу првите кои полетале на небото над Куманово. Германците нападнале насилно и нашите пилоти успеале да им пружат отпор на застарените и бавни Хокери. Кога видел дека останал без муниција, Воислав решил да не се предаде. Преживеаните очевидци од земја зборувале дека тој не бил погоден, но останал без муниција, па со успешни маневри го избегнал огнот на непријателските авиони (Хокер бил многу подвижен авион) и чекал прилика да направи нешто што никој од пилоти тогаш не направиле порано. Кога биле исполнети условите, според очевидци, Воислав извршил „таран“ на непријателскиот авион... Двата авиони веднаш експлодирале и паднале на земја во вид на две огнени топки...

    Капетан I Класа Никола Иванчевиќ, пилот-ловец

    Никола е роден на 21 јули 1907 година во Подгорица. Завршил Воена академија во 1928 година, Школа за извидници во 1930 година, школа за пилоти во 1933 година, школа за стрелање во 1934 година, и школа за ноќно летање во 1936 година. Априлската војна го затекнала на должност како командант на 204-та бомбардерска ескадрила на Првиот полк во Бјелина.
    На вториот ден од војната, на 7 април, ескадрилата на Никола добила задача да нападне германска моторизирана колона на патот Крива Паланка-Страцин-Куманово. Иванчевиќ ја водел својата единица, успешно го нападнал непријателот, но германскиот оган го погодил неговиот Бристол Бленхајм, кој експлодирал додека сè уште бил во воздухот.

    Поручник Милорад Танасиќ, пилот-ловец

    Милорад Танасиќ бил роден во Шабац на 1 октомври 1911 година. По завршувањето на средното техничко училиште, се приклучил на војската и таму завршил школа за резервни офицери за воздухопловство. Потоа се „активирал“ и завршил во Мостар за пилот-ловец. Априлската војна ја пречекал на аеродромот Режановска Коса кај Куманово.
    Загинал на 6 април за време на германскиот напад, кога бил немоќен да му нанесе загуба на непријателот, по она што го направиле капетанот Поповиќ и Милорад, чекал поволен момент, а потоа со својот Хокер извел „таран“ на германски Месершмит, кој повторно закачил друг авион. Три авиони (на Танасиќ и два германски) веднаш експлодирале во воздух и се срушиле на земја како три огнени топки.

    Поручник Ѓорѓе Стефановиќ, пилот

    Ѓорѓе бил роден на 20 февруари 1909 година во Суводол кај Смедерево. По завршувањето на Воената академија се приклучил на воздухопловните сили, каде најпрвин завршил обука за извидник, а во 1938 година се здобил и со титулата пилот. Како пилот-бомбардер, Априлската војна го затекнала на аеродромот во близина на Бјелина.
    Загинал на 8 април при бомбардирање на германски моторизиран конвој на патот Скопје-Куманово, кога бил соборен неговиот авион.

    Поручник Владимир Кинк, летач-извидник

    Владимир бил родум од Рајхенбург (Брестаница) во близина на Брежице, германско село во Словенија. Дипломирал на воената академија во 1936 година, а по префрлањето во воздухопловните сили завршил извидничка обука во 1939 година. Војната го затекнала на должност како пилот-извидувач во Првиот бомбардерски полк во Бијелина.
    Загинал на 7 април 1941 година, кога Бленхајм во кој се наоѓал Владимир бил директно погоден од германски авион на небото над Куманово.

    Потпоручник Милутин Перовиќ, пилот-ловец

    Милутин бил роден на 15 август 1911 година во селото Рудник во Црна Гора. Најпрвин завршил подофицерската школа за авиомеханичар, а потоа и на школата за пилоти и на Школата за ловци во Мостар. Тој станал ловец во 1937 година. Војната го затекнала на должност пилот во Куманово.
    Тој полетал на 6 април за да се спротивстави на Германците над Куманово. За жал нашите Хокери, инфериорни во секој поглед во однос на германските Месершмити, не можеле да пружат сериозен отпор на непријателот. Загинал после еден воздушен дуел.

    Наредник Јефта Арсиќ, пилот-ловец

    Јефта Арсиќ бил роден на 10 септември 1912 година во Станчевац кај Прешево. По завршувањето на подофицерската школа за авиомеханичар, се запишал во школата за пилоти и во школата за пилоти-ловци. Априлската војна го затекнала како пилот во 36-та борбена група на аеродромот „Режановска коса“ кај Куманово.
    Загинал на 6 април додека го бранел Куманово од нападот на германското воено воздухопловство. И Јефтај решил да земе „таран“ и со него во смрт однел и еден германски авијатичар...

    Наредник Ратомир Милојевиќ, пилот-ловец

    Ратомир бил роден на 26 септември 1914 година во Ниш. По завршувањето на подофицерското воздухопловно училиште, во Мостар завршил и школа за пилоти, односно школа за пилот-ловец. Како ловец Априлската војна ја дочекал во Куманово.
    Тој полетал на 6 април за да се спротивстави на непријателот. Бидејќи тоа не можел да го стори со застарениот Хокер, следниот пример на командантот на ескадрилата, капетанот Воислав Поповиќ, изведе „таран“ и со тоа елиминирал еден Германец, но потоа и тој паднал на земјата и загинал.

    Наредник Верољуб Стојадиновиќ, пилот-ловец

    Верољуб бил роден на 3 февруари 1916 година во селото Медвеѓа кај Трстеник. Завршил подофицерско воздухопловно училиште во Нови Сад. Потоа заминал во Мостар во Пилотска школа, а во 1938 година ја завршил обуката за ловец во Ниш. Во пресрет на априлската војна бил пилот во 36-та борбена група во Куманово.
    На 6 април полетал за да се сретне со непријателските авиони, но во еден дуел неговиот Хокер бил погоден на мала височина, така што Верољуб немал доволно време да го напушти неконтролираното летало во кое се урнало и загинал на лице место.

    Наредник водник Живан Јовановиќ, пилот

    Живан бил роден во Мала Крсна на 14 ноември 1908 година. Завршил Воздухопловна школа за авио-механичари, а потоа заминал во Мостар на Школата за пилоти, каде што се обучил како пилот на транспортни авиони и авиони бомбардери. Својата титула пилот ја добил во 1936 година. Војната го затекнала како пилот во Првиот полк во Бјелина.
    Тој загинал на 8 април додека бомбардирал непријателски конвој на патот Скопје-Куманово, кога бил соборен неговиот Бристол Бленхајм.

    Наредник Стјепан Јурковиќ, летач-радиотелеграф

    Стјепан бил роден во Царевац кај Карловац. Завршил воздухопловна школа за подофицери за везист, а во 1940 година завршил и летачка обука за оваа занимање (РТГ). Во априлската војна бил распореден како пилот на РТГ во Првиот авиациски полк во Бјелина.
    Тој загинал на 7 април кога Бристол Бленхајм во кој бил член на екипажот, пилотиран од капетанот Иванчевиќ, бил погоден и соборен над Куманово.

    Поднаредник Слободан Ѓорѓевиќ, летач-стрелец

    Слободан Ѓорѓевиќ бил роден на 28 август 1919 година во Крагуевац. Во 1939 година завршил подофицерско воздухопловното училиште за авио-механичари во Нови Сад. Потоа заминал во школата за пилоти во Мостар, каде што завршил обука за пилот-стрелец ( на бомбардер) во 1940 година. Војната го затекнала на должност во Првиот полк во Бјелина.
    Загинал додека ја извршувал задачата да бомбардира непријателски моторизиран конвој кај Куманово. Тој бил во екипажот со Василиј Мировиќ, кога нивниот авион бил соборен од Германец.

    Василије Мировиќ, пилот 

    Василије бил роден на 1 ноември 1907 година во Липово кај Колашин. Школата за пилоти ја завршил во Мостар во 1928 година, а школата за стрелање и ноќно летање во 1931 и 1935 година. За време на априлската војна служел како пилот во Првиот бомбардерски полк во Бјелина. Загинал на 8 април при бомбардирање на колона германски тенкови кај Куманово. Бил соборен од германска противвоздушна артилерија.

    Што се однесува на цивилното население, како последица на Германското бомбардирање тогаш загинаа цивилите:
    ВЕЉАНОВСКИ Стојанов ДЕНКО
    Роден е 1881 година во Куманово. Загина на 6 април 1941 година при бомбардирањето на Куманово
    ГАРЕВСКА Зафирова ЕВКА
    Родена е 1879 година во Куманово. Загина на 6 април 1941 година при бомбардирањето на Куманово.
    ГЕОРГИЕВСКИ Спиров АЛЕКСАНДАР
    Роден е 1926 година во Куманово. Исчезна во априлскиот напад 1941 година.
    ДЕМИРОВА Ибраимова ЏЕМКА
    Родена е во Куманово. Загина на 6 април 1941 година при бомбардирањето на Куманово.
    ЕМИНОВСКИ Сулејманов АЈВАЗ
    Роден е 1881 година во Куманово. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    ЗОРДУМИС Леонидов ДИОНИС
    Роден е 1910 година во Куманово. Бил трговец. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    ЈАКИМОВСКА Донева САНДА
    Родена е 1861 година во Куманово. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    ЈОРДАНОВА Игњатова ЕВКА
    Родена е 1881 година во Куманово. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    КАМЕНЕТСКИ д-р ЃОРЃЕ
    Роден е 1896 година во Русија. Како лекар загина на 6 април 1941 година при бомбардирањето на Куманово.
    КОСТОВСКА Трипкова ЉУБИЦА
    Родена е 1930 година во Куманово. Била ученичка. Загина на 6 април 1941 година при бомбардирањето на Куманово.
    МАМУТОВСКИ ШАБАН
    Роден е 1912 година во Куманово. Бил келнерски работник. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    МАРКОВСКА СТАМЕНА
    Родена е 1861 година во Куманово. Била домаќинка. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    НИКОЛОВСКА Стефанова МИТА
    Родена е 1861 година во Куманово. Била домаќинка. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    ТОМИЌ Вељков ЈОРДАН
    Роден е 1887 година во с. Ореовица – Пиротско. Во 1925 година се доселил во Куманово. Бил земјоделец. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    ТОМИЌ Ранчева РИСТАНА
    Родена е во с. Ореовица – Пиротско. Била домаќинка. Загина на 6 април 1941 година при бомбардирањето на Куманово.
    ТРАЈКОВСКИ Георгиев ТЕОДОС
    Роден е 1901 година во Куманово. Бил столар. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    СУЛИМАНОВА Еминова ЗЕТА
    Родена е 1904 година во Куманово. Загина при бомбардирањето на Куманово на 6 април 1941 година.
    КРСТЕВСКИ Петрушев МИЛИВОЈ
    Роден е 1924 година во Куманово. Бил убиен од германскиот окупатор во април 1941 година кај касарните во Куманово. 

    Литература:
    Б. Чушкар – Борбено Куманово 1919-1941, „Просвета Куманово“
    Спомен Зборник 1941-1945 на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и кумановско, Куманово, 1976. 
    http://udruzenjepvlps.org/

    Автор. Проф. Филип Ѓошевски, научен соработник