×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семејната куќа и кафеаната „Крчма“ на Јован Манушевиќ – една од најубавите во предвоено Куманово

    04.01.2024 13:50 | KumanovoNews

    Семејната куќа и кафеаната „Крчма“ на Јован Манушевиќ, која се наоѓа на ул. Иво Лола Рибар, или т.н. Нагорички сокак е една од најубавите во предвоено Куманово.

    Семејната куќа и кафеаната „Крчма“ на Јован Манушевиќ – една од најубавите во предвоено Куманово

    И денес погледот на секој минувач на Нагорички сокак се задржува на Манушевата куќа, подигната во 1929 година, со извонредно убави архитектонски белези. Браќата Јован и Васил Манушевиќ беа угледни и почитувани луѓе, сопственици на винарски подрум и на познатиот Манушев млин.

    Браќата Манушеви играа значајна улога во кумановската чаршија и во трговскиот живот на градот. Тие се велешани, доселени во Куманово од Башино Село (велешко), во периодот меѓу Првата балканска и Првата светска војна. На почетокот се занимаваа со производство и продажба на ракија, вино и оцет, а подоцна отворија своја продавница. Беа богати, добри и вредни работници. 

    Покрај со трговијата, овие наши сограѓани, се занимаваа и со лозарство, имаа свои лозја, познати како Манушеви, а се наоѓаа каде што е сега населбата „Бајрам Шабани“.

    Тие, заедно со уште неколку свои пријатели, исто така богати трговци, ја изградија Мелницата „Жеглигово“. Подоцна Манушеви ќе ги откупат деловите на своите ортаци и тие ќе станат целосно сопственици на овој индустриски објект. Мелницата им беше одземена од страна на комунистичката власт, но постои и денес. Се наоѓа на Нагорички сокак. 

    Автор. Филип Ѓошевски, научен соработник 

    (Извор: А. Урошевић (1949) – Куманово, Годишен зборник на филозофскиот факултет, књ 2, 1949, стр. 30 М. Арсовски Болто – Нагорички сокак – своевиден белег на старо Куманово, 2006, стр. 3411-3417.П. Трајковски – Старо Куманово (луѓе – обичаи – настани), стр, 79, Куманово, 1997.)