×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старата општинска зграда архитектонско ремек дело на рускиот инженер Владимир Антонов

    26.01.2024 13:48 | KumanovoNews

    Ако Куманово имало воопшто некоја среќа со дојденците, тогаш треба да се бара во доаѓањето во градот на рускиот инженер Владимир Аполонович Антонов (1882 -1946).

    Старата општинска зграда архитектонско ремек дело на рускиот инженер Владимир Антонов

    Тој е натурализирен кумановец, кој во градот живеел и творел преку 20 години. Едно од неговите архитектонски ремек дела на рускиот академизам во Куманово претставува и општинската зграда. 

    Општинската зграда во центарот на Куманово, која се гради во почетокот на третата деценија (1932-1934) на минатиот век, со широко дефинирани традиционални назнаки. Објектот е приземен, блоковски затворен, со внатрешно двориште. Во првата фаза се изградени само неколку канцеларии на кат, а по ослободувањето од фашистичкиот окупатор во 1945/46 година е изграден останатиот дел од катот кој зафаќа една третина од објектот.

    По окупацијата на Југославија, Владимир Антонов со сопругата беше депортиран, и четирите години на Народноослободителната антифашистичка војна ги спроведува во Босна, во Бања Лука, каде „белогардејците“ имаа создадено мала колонија.

    По ослободувањето од фашистичкиот окупатор Владимир Антонов со сопругата се враќа во Куманово и од сочуваната документација може да се види дека го изгутвува проектот за надоградба на дел од катот од зградата на Општината.

    Фасадата е составена од високи расчленети трифорни прозори кои се интерпонлирани во лачно засводена ниша. Карактеристичен е нагласениот венец, со специфични лачни калкански завршетоци каде е употребен традиционално црковен мотив. 

    Владимир Антонов, рускиот белогардеец кого судбината го донела во Куманово, беше почитуван архитект и творец од оваа сфера во градот. Како човек беше добредојден за граѓаните на градот, а посебно на оној сосема мал број на луѓе кои спаѓаа во интелектуална сфера. 

    Со нарушено здравје, кое целосно го изгубил во Босна, Владимир Антонов, по враќањето во Куманово, умира во 1946 година. Посмртните останки му се закопани на градските гробишта во Куманово. 

    (Подготвил: Филип Ѓошевски, професор по географија)

    Извор: Д. Масевски „Н. Мирошниченко – Рускиот академизам во архитектурата на инж. Владимир Антонов во Куманово со посебен осврт врз зградата на Занаетчискиот дом“, списание Корени (Год. 4, бр. 15, септември 2005, стр. 2443-2454)