Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
10 трофеи му беа доделени на велосипедскиот клуб “Вело - М“ на манифестацијата “Прогласување најдобар велосипедист 2013“ во Скопје.
Кумановскиот велосипедски клуб е првак во друмски велосипедизам во Македонија за 2013 година. Стефан Петровски беше прогласен за победник на ранг листа на Македонија во друмски велосипедизам сениори, друмски велосипедизам до 23 години, вело крос сениори и вело крос до 23 години. Зоран Ристовски беше втор во категорија сениори на ранг листа на Велосипедска федерација на Македонија. Никола Ѓукиќ е прогласен за победник во друмски велосипедизам во категорија јуниори, а Денис Колевски е втор од кадетите на ниво на држава.
Со истото темпо клубот ја стартуваше и оваа 2014 година.
Викедов во Крушино, Кичево се оддржа “Државно првенство во вело крос 2014“ во организација на клубот “Спидбајк“ од Кичево. И покрај лошите временски услови и ниски температури трката беше успешна. Стефан Петровски победи со голема предност, а најголема конкуренција му беше Левент Рифат од клубот “Денда“ кој го освои 2 место во категорија сениори, а Никола Ѓукиќ од “Вело - М“ во истата категорија беше 3. Кај кадетите најбрз беше Денис Колевски - изјави Марјан Петровски, спортски директор на “Вело - М“.
Тој додава дека Македонија првпат имала учество на светски куп во Франција каде се натпреваруваше Андреј Петровски кој беше 29-ти од вкупно 60 велосипедисти.