АБА Струмица во проблеми пред дуелот со КК Куманово
15.11.2011 11:49
| KumanovoNews
После четирите стартни порази дел од челниците, заедно со првиот тренер и најдобриот играч го напуштија клубот.

АБА Струмица сезоната ја почнува со доста проблеми. Најефикасниот играч Филип Брукс го напушти клубот и потпиша за чешкиот Интер од Братислава, пред него замина и Слободанчо Хаџивасилев. Тимот го напушти и тренерот Стратос Кукулекидис, а во натпреварот против Куманово, тимот ќе го води неговиот заменик Негош Абазовиќ.
Најавено е дека Давид Бучбергер кој лани беше дел од тимот на АБА, повторно ќе се врати во струмичкиот тим.
Куманово утре игра важен натпревар на госински терен против АБА Струмица.