Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Аце Јакимовски, атлетичар од Атлетски клуб “Скок“ викендов во Скопје освои второ место на Скопскиот ултрамаратон, откако претрча 63 километри за 6 часа.
По освоените две златни и една бронзена медаља на Балканското првенство планирав да направам поголема пауза, но одлично организираниот прием, во моја чест од страна на раководителот на Секторот за култура и спорт на Општина Куманово и прекрасните зборови што ми ги упати при честитањето ме наведоа уште неколку пати да го преставувам градот Куманово. Планирам идната година да учествувам на Европското атлетско првенство за ветерани и се надевам дека Општина Куманово ќе продолжи со поддршката - изјави Јакимовски.
На 11 октомври, во ветеранска конкуренција Јакимовски го освои првото место на планинската трка од Прилеп до манастирот Трескавец.