Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членот на Тенискиот Клуб „ТУМБА" од Куманово, Алексеј Стојановски, го освои Отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори до 14 години, кое викендов се одржа во Кавадарци.
Првенството беше во организација на Македонската тениска федерација, а каде домаќин беше ТК Црна Река од Кавадарци.
Тој во финалето го совлада Иван Трипковски од ТК "Чери" од Скопје со 2:0 во сетови.
На турнирот учествуваа околу 25 тенисери во оваа возрасна категорија.
Од Тенискиот клуб "ТУМБА" од Куманово се горди на извонредниот резултат на Стојановски со желба континуитет на добри резултати да продолжи и во иднина.