×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алексеј Стојановски освои две злата и сребро на Отворените првенства во тенис

    20.04.2021 13:27 | KumanovoNews

    Деветгодишниот Алексеј Стојановски, член на Тенискиот клуб „Тумба“ - Куманово, освои две златни и една сребрена медала на Отворените првенства, кои во изминатите три викенда се одржаа во Скопје, во организација на Тениската федерација на Република Северна Македонија.

    Алексеј Стојановски освои две злата и сребро на Отворените првенства во тенис

    Младиот тенисер се закити со две први места во категорија на јуниори до 11 години и едно второ место во категорија на јуниори до 12 години.

    „Алексеј Стојановски е најдобро бодираниот тенисер во категоријата до 11 години, со што се најде на првото место на ранг листа во истата категорија на државно ниво. Минатата година ја заврши на првото место во категорија на деца до 10 годишна возраст и освоени три први места на Отворените турнири во портокалов тенис во Велес, Скопје, Куманово, Неготино итн.  Се работи за исклучително талентирано дете, кое во изминатите години ниже успеси и се надеваме дека му претстои успешна кариера“, соопштуваат од Клубот.

    Алексеј вели дека патот до успехот не е лесен, но со секојдневни напорни тренинзи и залагање на неговите тренери Далибор Димковски и Игор Поп Глигоров, следуваат големи победи и успеси.