Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Селекторот на американската кошаркарска репрезентација,Мајк Книжевски го објави списокот на 19 кошаркари кои ќе влезат во составот за настап на Светското првенство во Шпанија.
Списокот кој речиси е полн со НБА играчи недостигаат Леброн Џејмс, Двајт Хауард, Кармело Ентони и Крис Пол.
Среќа е што во тимот ќе имам играчи кои имаат искуство во освојување на трофеи на интернационално ниво во комбинација со млади перспективни кошаркари кои дополнително ќе допринесат за екипата-изјави селекторот.
Репрезентацијата на САД се наоѓа во групата Б заедно заедно со репрезентативците на Турција, Украјна, Финска, Нов Зеланд и Доминиканската Република.
Подготовните за престојниот Мундијал започнуваат на 30 август, додека Американците стартуваат на 28 јули.
Список на играчи:
Бредли Бил (Вашингтон), Демаркус Казинс (Сакраменто), Стефон Кари (Голден стејт), Ентони Дејвис (Њу орлеанс), Демар ДеРозан (Торонто), Андре Драмонд (Детроит), Кевин Дурант (Оклахома), Пол Џорџ (Индијана), Блејк Грифин (ЛА клиперс), Џејмс Харден (Хјустон), Гордон Хејворд (Јута), Кајри Ирвинг (Кливленд), Кајл Корвер (Атланта), Демијан Лилард (Портланд), Кевин Лав (Минесота), Чендлер Паронс (Далас), Дерик Роуз (Чикаго), Клеј Томсон (Голден стејт).