Анелка оди во Шангај поради плата од 10,6 милиони евра по сезона
22.11.2011 11:08
| KumanovoNews
Францускиот фудбалски интернационалец Николас Анелка, најверојатно во јануари ќе пројде во кинескиот Шангај Шенхуа, наведува „Л’екип“.

Триесетидвегодишниот напаѓач на Челзи наводно се договорил со челниците на кинескиот прволигаш за сума од 10,6 милиони евра по сезона.
За Анелка се заинтересирани и Њу Јорк, Филаделфија, Монтреал ПСЖ и Анжи.
Се споменува можноста и Анелка да заигра за Милан, меѓутоа французинот ја одбил.