Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Перо Антиќ ја доби дозволата од НБА за настап во кошаркарската репрезентација на Македонија.
Иако неколку дена подолго од очекуваното, траеше процедурата за осигурувањето на капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ, тој и официјално од денеска доби „зелено светло“ од својот нов клуб НБА тимот Атланта Хоукс, за настап во црвено-жолтиот дрес.
Антиќ поради формалностите околу осигурувањето не настапи на двата контролни натпревари со Хрватска, одиграни во Славонски Брод и Загреб.
Кошаркарите, претстојните три дена имаат одмор, а веќе в недела во СЦ „Борис Трајковски’’ ги продолжуваат подготовките за претстојното Европско првенство во Словенија што ќе се одржи од 4 до 22 август.