Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Барселона денеска беа одредени групите за ТОП 16 фазата од Евролигата во кошарка, каде ќе играат 16-те екипи поделени во четири групи по четири екипи. Двете првопласирани од секоја група ќе изборат пласман во четвртфиналето.
Во „Е“ групата ќе има пресметка на екипите на македонските репрезентативци Перо Антиќ (Олимпијакос) и Владо Илиевски (Анадолу Ефес). Покрај екипите на Олимпијакос и на Анадолу Ефес групата ја сочинуваат уште: ЦСКА Москва и Галатасарај.
Во „Ф“ групата македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со својата екипа Монтепаски Сиена се најде во „шпанската“ група, бидејќи ривали им се: Реал Мадрид, Уникаха и Билбао.
Групата „Г“ ја сочинуваат: Фенербахче, Панатинаикос, Уникс и Армани, додека во „Х“ групата ќе играат: Барселона, Макаби, Канту и Жалгирис.
Натпреварите од оваа фаза се играат од 18 јануари до 1 март 2012 година. Четвртфиналето се игра во серија подобар од пет натпревари (до три победи) од 21 март до 5 април, додека завршниот турнир „Ф4“ ќе се одигра во Истанбул во „Синан Ердем“ Арената од 11 до 13 мај 2012 година. (кирилица)