Арбитражната комисија ги прифати жалбите на Куманово
15.04.2015 17:44
| KumanovoNews
Арбитражната комисија при МКФ ги прифати жалбите на Куманово, во кои се наведуваше дека не се исполнети услови за одигрување на второто коло од Супер-лигата.
Сега работите се враќаат на почеток. Најпрвин треба да се разреши статусот на Карпош Соколи, а подоцна и да се види кога ќе се одигра второто коло. Арбитражната комисија практично потврди дека одложувањето на натпреварот Соколи - Куманово е неосновано, а против правилникот е и закажувањето на вторто коло.
Сега топката е повторно во Натпреварувачката комисија која треба да најде решение на целата ситуација, по можност да не го докомплицира хаосот кој настана на почетокот од Супер-лигата.

