Аројо: Едвај чекам да настапам пред „гробари“
20.02.2014 12:28
| KumanovoNews
Порториканецот Карлос Аројо, играч кој има настапувано во повеќе НБА и европски тимови, денеска со екипата на Галатасарај ќе игра против белградски Партизан.

Чув многу добри работи за навивачите на Партизан, знам дека прават неверојатна атмосфера. Едвај чекам наптреварот да започне, задоволство е да се игра пред таква публика. Не очекува вечер со многу страсти и набој во позитивна смисла - изјави 34 годишниот Аројо за српските медиуми.
Натпреварот Партизан - Галатасарај се игра денеска и започнува во 20:45.