Атлетичари од “Куманово“ ќе се натпреваруваат во Азербејџан
17.06.2015 12:28
| KumanovoNews
Атлетичари од атлетски клуб “Куманово“ ќе се натпреваруваат на Европските игри Баку 2015 во Азербејџан.

Дрита Ислами ќе трча на 400 м со пречки, Матеја Ефремовска ќе се натпреварува во фрлање копје и кладиво и Марјан Нојковски во фрлање на ѓуле.
„Очекувам да нашите атлетичари достојно ја претставуваат нашата Општина и Република Македонија давајќи го својот максимум во остварување на позитивни резултати, подобрувајќи ги своите сопствени рекорди“- изјави Бранко Колевски, претседател на “Куманово“.
Нашите атлетичари ќе се вратат од Баку на 24 овој месец.