Атлетски клуб “Куманово“ државен првак
20.06.2014 14:52
| KumanovoNews
Атлетскиот клуб “Куманово“ месецов стана екипен државен првак во сениорска категорија.

Во конкуренција на најдобрите клубови од Македонија успеавме да постигнеме врвен резултат и да бидеме државни прваци што е многу важно за нас и е голем успех - велат од клубот.
На Европскиот куп на репрезентации кој од 19 до 22 јуни се оддржува во Грузија, атлетски клуб “Куманово“ учествува со пет натпреварувачи во сениорска конкуренција.