×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Аутсајдерот АБА Струмица го победи Куманово

    16.11.2011 21:10 | KumanovoNews

     По катастрофалната игра во Струмица, управниот одбор утре ќе одржи вонредна седница на која ќе го казни клубот заради пропуштената шанса за победа.

    Аутсајдерот АБА Струмица го победи Куманово

     Кошаркарите на Куманово, наместо со победа над послабата АБА Струмица, дома се враќаат со пораз од 70:69. На гостински терен, претендентите за влез во Супер лигата прокоцкаа уште една шанса да ја зацврстат својата позиција. Кумановчани покажаа очајна игра и во текот на целиот натпревар бркаа разлика. Имаа водство над домаќините неполни две минути, и тоа по првите поени од линијата за слободни фрлања на Матиќ, и во средината на последната четвртина. Наспроти нив, струмичани и покрај заминувањето на тренерот Кукулекидис и најдобриот поединец Филип Брукс,покажаа супериорност и водеа во текот на целиот натпревар. Успејаа да направат разлика и од 11 поени предност.

    Ова е трет натпревар на Куманово на гостински терен во кој тимот дозволува противникот да направи голем разлика во првата четвртина, по што мора брка разлика. Само пет играчи се запишаа во листата на стрелците кај КК Куманово, наспроти осумте на Струмица. Најефикасен во составот на Куманово беше Александар Костовски со 21 поен, Дарко Матиќ постигна 17 поени, Немања Јелисијевиќ заврши со 15, а Дејан Микиќ со 14 поени. Чудно изгледа статистиката зад имињата на Милан Јанушевиќ и Даниел Калов, кои имаат само еден обид за шут за 2 поена. Петар Виларов постигна 2 поена.

    Кај домаќините Петре Цветков постигна 16 поени, Коста Караманолев 14, Клајв Ведин заврши со 10 поени, а Ќурчиев и Чапел постигнаа 9, односно 8 поени.

    И овој натревар покажа дека освен Јелисијевиќ и донекаде Микиќ, никој друг од екипата нема постојана форма. Затоа вистинска енигма е кој и колку поени ќе придонесе во конечниот резултат.

    „Поради катастрофалната игра, Управниот одбор утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се разгледаат околностите за поразот во Струмица, а ќе се санкционираат играчите и стручниот тим кои дозволија да се загуби така важна утакмица од многу послаб противник„- вели претседателот Виктор Божиновски. 

      Следниот натревар Куманово ќе го игра со Вардар во сабота без публика , поради казната од МКФ.