Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Бал фор Лаиф веќе пристигна во Крагуевац каде што ќе биде дел од првата смена на кошаркарскот камп „Кросовер“.
Тимот од Куманово е главен претставник на кампот каде што учествува втора година по ред. Кампот е во организација на познатиот стратег Бане Зечевиќ, а во координација со Ненад Труниќ кој е ФИБА инструктор и НБА скаут на Сакраменто Кингс.
Минатата година имавме феноменално искуство со Кросовер кампот кој и оваа година се организира традиционално во Крагујевац, каде што и годинава нашата академија Бал Фор Лаиф е главен претставник од Македонија со уште неколку школи од Куманово. Јас како тренер можам да кажам дека минатата година изградивме некои нови искуства во поглед на тренинзите и тренирањето кои што се на високо ниво и кои ги пренесуваме на нашите членови на академијата - изјави Никола Јовановски, тренер во клубот.
Минатогодишното искуство покажало дека кампот не е само тренирање туку и дружење со врсниците од целиот Балкан и пошироко и посетување на многу културни места кои што Крагујевац како град може да ги прикаже на посетителите во најдобро светло, како и посета на најголемиот Аква Парк во Србија.
Ние присуствуваме во првата смена на овој камп, додека останатите смени се од 02.07 до 11.07, третата смена е од 12.07 до 21.07 и четвртата е од 22.07 до 31.07. Оваа прилика исто така ја користам да ги поканам сите школи, клубови и академии за кошарка во Македонија доколку се заинтересирани да се пријават за учество на кампот и да ја заокружат оваа сезона на најдобар можен начин, а воедно и да се припремат за следната сезона - додава Јовановски.
Промотери на овој камп се Рик Махорн, НБА шампион со Детроит Пистонс, Рашко Катиќ(Сарагоса), Јелена Милутиновиќ(Вашингтон Мистикс ВНБА), Данило Анѓушиќ(Билбао Баскет), Дејан Мусли(Мега Лекс), Урош Николиќ(Туров, Полска) и Ѓорѓе Дреновац(Игоека).