Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Барселона, Хавиер Тријас соопштил дека каталонскиот град ќе се кандидира за да биде домаќин на Зимските Олимписки игри во 2022 година, доколку Мадрид не ги добие Летните Олимписки игри во 2020.
Тријас истакнал дека Барселона ќе се кандидира за ЗОИ во 2022, ако Меѓународниот олимписки комитет на состанокот во септември во Буенос Аирес не и ја додели на Шпанија, односно на Мадрид организацијата на ЛОИ во 2020.
Градоначалникот на Барселона за време на Светското првенство во пливање кое се одржуваше во овој град веќе разговарал со членовите на МОК на кои оваа идеја им се допаднала.
Според размислувањата на Тријас, овие игри би се одржала на Пиринеите.