Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во 12-тото коло од балканската БИБЛ лига, кошаркарите на Куманово, вчера на гостински терен беа поразени од екипата на КК Пеќ со резултат 75-81.
Во текот на целиот натпревар доминираше домашната екипа кога во првите 25 минути од натпреварот направија разлика од дури 24 поени кои се покажаа одлучувачки за вкупно петти пораз на кумановчани во лигата.
Најефикасни во домашната екипа беа Самир Шаптаховиќ со 19 и Тео Симовиќ со 16 коешеви а додека кај Куманово Вукашин Мандиќ постигна 19 поени и американецот Ројс Паран со 16 постигнати кошеви.
Следниот натпревар во БИБЛ лигата кошаркарите на Куманово го играат на 18 февруари против екипата на КК Балкан во Ботевград, Република Бугарија.