Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со одигрување на денешните два натпревари започнува новата 6. сезона на Баканската кошаркарска лига - БИБЛ лига.
Оваа сезона како и минатата македонски претставници ќе бидат екипите на Куманово и Кожув од Гевгелија.
Во овогодинешната сезона има и неколку промени, во првата фаза од натпреварувањето ќе се игра во една група секој со секого, а потоа се игра завршницата.
За прв пат во лигата учество земаат и екипите од Косово, Пеќ и Сигал, Приштина, а нема да има претставник од Србија, Грција и Хрватска.
Во првото коло денеска се сретнуваат екипите на Кожув и Пеќ и Теодо и Балкан, додека утре екипата на Куманово на домашен терен ја пречекува екипата на Сигал Приштина и во четврток коло ќе биде комплетирано со дуелот помеѓу Крајова и Левски.
Во почетното коло шампионот Галил Гилбоа е слободна.
Екипите на Галил Галбоа, Фени Индустри, Рилски спортист и Левски се шампионите на претходните натпреварувања во Балканската лига.