Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот ракометен состав на Куманово овој викенд има уште еден предизвик пред себе за остварување на нови поени на табелата.
Во сабота на гостински терен младинскиот состав на ЖРК Куманово за противник ја има екипата на Вардар, Скопје.
Во недела со почеток од 13 часот на домашен терен во салата на ОУ "Христијан Тодоровски Карпош" пионерките ја пречекуваат екипата "Велкова 5", додека во 15.30 часот во Спортската сала во Куманово започува натпреварот на сениорите против екипата на Ѓорче од Скопје.
Од натпревар во натпревар формата и квалитетот на играта на нашите ракометарки се зголемува и по победата над екипата на Металург сме мотивирани да дадеме максимум,и повторно од оваа коло да излеземе како победници со нови поени во домашното натпреварување-изјавија од клубот.