Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вечерва во Бело Хоризонте на теренот ќе ги пресметаат силите репрезентацијата на Бразил и Германија.
Бразилците во улога на домаќини се наоѓаат пред најтешкиот испит на Мундијалот во ослабен состав, додека Германците ќе се обидуваат да го поправат впечатокот од дуелот против Франција со што би се нашле во големото финале.
Селекторот на Бразил Луиз Филипе Сколари на местото на суспендираниот Тиаго Силва ќе го постави Данте, а на местото на повредениот Нејмар се оечкува да го повика Бернанрд. Двајцата најдобри играчи на домаќинот денешната пресметка со европјаните ќе ја проследат од трибините.
Селекторот на Германија нема проблеми со повредени играчи, но има дилема околу напаѓачкото место во тимот. Дали во првиот тим да му даде шанса на Клосе или повторно ќе се одлучи за Милер.
Овие две репрезентации последен пат се сретнаа во 2002 година во финалето на мундијалот во Јапонија и Кореја кога бразилците победија со 2-0.