Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Државното првенство за помлади сениори У21, што овој викенд се одржа во Прилеп, младите пингпонгари Јаков Јакимовски и Јаков Кузмановски од Пинг-понг клуб "Куманово" го освоија третото место и се закитија со бронзен медал во игра на двојки.
"Континуираниот напредок и желбата за докажување на моите ученици Јаков Јакимовски и Јаков Кузмановски, кои заедно со Андреј Васевски и Игор Маневски со успех го преставуваат нашиот клуб во Прва лига за сениори, го освоија својот прв медал на едно Државно поединечно првенството. Овој резултат е позначаен за Јакимовски и Кузмановски кои сеуште се кадети на 15 годишна возраст и настапија во конкуренција на играчи до 21 година. Во оваа прилика сакам да искажам благодарност и разбирање до родителите на Јакимовски и Кузмановски кои финансиски го помогнаа учеството на оваа првенството, бидејќи клубот не ги доби бараните дополнителни средства за да може без проблем да ја заврши оваа натпреварувачка полусезона. Воедно Јаков Јакимовски поединечно се пласира во осумте најдобри на оваа првенството и се избори за учество на ТОП 8 во оваа категорија", изјави тренерот на ППК "Куманово" Мики Трендафиловски.