×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бронзен медал за пингпонгарот Андреј Васевски на Државното првенство за млади сениори

    13.06.2022 09:43 | Стефан Николиќ

    Андреј Васевски, член на на Пинг понг клуб „Куманово“ освои третото место и бронзен медал во игра на двојки, на Државното првенство за млади сениори У-21, што викендов се одржа во Крива Паланка.

    Бронзен медал за пингпонгарот Андреј Васевски на Државното првенство за млади сениори

    „На оваа првенство Андреј ја круниса својата упорност со уште една медала оваа сезона. Третото место и бронзениот медал во двојки освоен со Андреј Стојановски од Скопје, треба да бидат потик и за него, но и за останатите членови на клубот за да продолжат со континуирана работа и упорноста што ја носат во себе ја претворат во резултат“, изјави тренерот на ППК „Куманово“ Мики Трендафиловски.  

    Тој додава дека по напорните бодовни турнири и државни првенства во изминатите три месеци, со настапот на Андреј Васевски на петото Државно првенство за сениори У-21 успешно ја завршуваат сезоната 2021/22 година.

    „Можам да кажам дека во целост сум задоволен од резултатите на моите ученици. За три години континуирано работење и покрај потешкотиите на кои наидовме во почетокот на годината со отежнанити услови за тренинг, поради реновирање на салата во која тренираме, моите ученици Јаков Кузмановски, Глигор Доневски, Ведран Рангелов предводени од највозрасниот Андреј Васевски (16 години) совесно и редовно тренираа и резултатот доаѓа сам по себе“, заврши Трендафиловски.