Дејан Николовски нов претседател на Онлајнмедиа.мк
10.11.2026 19:55
| KumanovoNews
Здружението на професионалните онлаjн-медиуми Онлајнмедиа.мк (Onlinemedia.mk) денеска одржа годишно Собрание, на кое за нов претседател беше избран Дејан Николовски, главен и одговорен уредник на Нетпрес.мк.
Николовски беше едногласно избран од присутните членови.
На состанокот се договорија наредните активности на Онлајнмедиа.мк во однос на измените во Изборниот законик, продолжување на преговорите со Владата за субвенционирање на медиумите, за регулацијата во однос на маркетинг буџетите и регистерот на порталите во АВМУ, како и други важни области.
Членовите на здружението му се заблагодарија на ангажманот на досегашниот претседател Владимир Кошевалиски.