Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово утре го игра вториот натпревар од финалната серија против екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Спортскиот директор на клубот Младен Давидовиќ заедно со кошаркарот Вукашин Мандиќ денеска одржаа прес конференција на која ја повикаа публиката да го подржи клубот.
Утре е повеќе од кошарка, утре е празник за нашиот град. Играме второ финале по ред, но за разлика од лани сега сме чекор понатаму, направивме брејк во Скопје. Имаме огромна шанса да го искористиме домашниот терен и да оствариме победа со која многу би се доближиле до финалната цел која сите толку многу ја посакуваме - изјави Давидовиќ
Мандиќ ги поздрави навивачите и им порача да навиваат фер и спортски.
Би сакал да ги поздравам сите љубители на кошарката кои ќе дојдат утре да го подржат Куманово и заедно да го направиме тој еден чекор кој би донел и титула на Куманово. Би ја замолил публиката за фер и спортско навивање, да не наседнуваат на провокации кои би можеле да дојдат од било која страна - изјави Мандиќ.
Картите ќе бидат пуштени во продажба утре во 12 часот во објектите во скоп на Спортската сала. Цената ќе биде 50 денари и ќе се продаваат се до пред почеток на натпреварот. Поради безбедносни причини влезовите ќе бидат отворени 3 часа пред почетокот на натпреварот и ги замолувам навивачите да дојдат што порано.
Во врска со организацискиот дел, апелирам до нашите фанови да бидат присебни во утрешниот натпревар бидејки МЗТ е сега на колена и би можел да направи било какво сценарио за да ја испровоцира публиката и недај Боже за да добиеме суспензија на домашниот терен. Затоа да бидеме присебни, напомена до навивачите да не носат железни пари, запалки, пласитчни шишиња бидејки контролата на влезовите ќе биде строга и истите ќе им бидат одземани - додава Давидовиќ.
На утрешниот натпревар ќе присуствуваат околу 500 гостински навивачи. КК Куманово преку писмено соопштение им се заблагодари на навивачите кои ги подржаа на гостувањата, до МЗТ Скопје кој ги отвори вратите за сите љубители на кошарката и го поздрави спортскиот однос на делегатот, судиите и официјалните лица кои според КК Куманово одржале натпревар од европско ниво.
И во соопштението се потенцира за ригорозната контрола на влезовите и одземењето на ситните предмети. Натпреварот започнува во 19:30 часот.