Дел Потро го подигна пехарот во Вашингтон
Хуан Мартин Дел Потро го освои АТП турнирот во Вашингтон, откако во финалната пресметка беше подобар од Џон Иснер во три сета (3-6, 6-1, 6-2).

Аргентинецот не го започна мечот како што посакуваше, па Иснер брзо направи брејк и успеја да ја сочува таа предност во првиот сет.
Ова како да го налути освојувачот на „Ју-Ес-Опен“ од 2009, па фуриозно ги доби останатите два, притоа дури четири пати одземајки му го сервисот на противник што е многу тешко ако се има предвид како сервисер е високиот Американец.
Ова за Дел По беше 15 АТП титула во неговата кариера, втора годинава. Следен предизвик на овие двајца тенисери е Мастерсот во Монтреал, односно „Роџерс купот“ кој започнува денеска.