Деветто коло од ракометната Супер лига
22.05.2014 06:38
| KumanovoNews
Денеска во попладневните часови и утре ќе се одиграат натпреварите од 9. коло од Суперлигашкото натпреварување.

Први на терен ќе излезат ракометарите на Вардар и Пелистер со почеток во 13 часот.
Овие две големи сили дуелот ќе го одиграат во СРЦ КАЛЕ.
Лидерот на табелата Металург ќе ја пречека екипата на Зомимак, додека Металург Јуниори играат против Тинекс Пролет.
По натпреварот во 13 часот, следните се во 17.45 и во 20 часот.
Табела: Металург 21 бодови (8 натпревари), Вардар 21 (8), Зомимак 15 (9), Пелистер 13 (8), Пролет Тинекс 4 (8) и Металург Јуниор 0 (9).