Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово пружија идентична партија како и пред неколку дена, губејки од екипата на Кожув со резултат 98-87.
Кумановчани имаа добро прво полувреме и еден поен негатива пред продолжението од мечот.
Во третата четвртина тимот целосно се распадна, примајки 22 поена, пред се од контри додека нападот на кумановчани се сведуваше на индивидуални акции кои генерално завршуваа без реализација.
Кожув после неколку постигнати тројки во серија со кои му го зададе последниот удар на Куманово, имаше растеретена завршница и го постави конечниот резултат 98-87.
6 кошаркари на Кожув беа двоцифрени во овој меч а Штерјов беше најефикасен меѓунив со постигнати 16 поени.
Во Куманово Мишковиќ постигна 22 поена а Мандиќ заврши со 21 поен.
И покрај овој пораз, Куманово се пласираше во Супер лигата каде што првиот натпревар ќе го има против екипата на Лирија.