Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во просториите на кошаркарскиот клуб Куманово 2009 се одржа прес конференција во пресрет на вториот натпревар во рамките на БИБЛ лигата.
Куманово утре игра против екипата на Крајова од Романија. Натпреварот ќе се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 17:30 а ќе има и директен пренос на МТВ1.
Тренерот Димитријевиќ изјави дека неговиот тим е подготвен за утрешниот натпревар и ќе дадат се од себе да ја забележат првата победа во БИБЛ лигата. Истакна дека Крајова е целосно рефомиран тим со 8 играчи во ростерот и искусен тренер од Србија.
Играме со квалитетна екипа од Романија, екипата на Крајова која во својот ростер има осум засилувања, три играчи од Србија, два репрезентативци од Естонија, два играчи од САД и еден кошаркар од Бугарија - изјави Димитријевиќ.
Ивица Димчевски нема да биде во составот на утрешниот натпрвар. Тој во мечот со Вардар имаше лошо доскокнување но за негова среќа не ја обнови повредата на коленото. Сепак чувствува некакви болки во коленото и Куманово нема да ризикува со негов настап.
Доколку ја повториме играта како во мечот против Вардар би требало да издвојуваме победа и на овој меч - додаде Димитријевиќ.
Капитенот на екипата Дарко Станимировиќ изјави дека натпреварот против Приштина е зад нив, и екипата е мотивирана за утрешниот натпревар.
И нашата екипа е нова во однос на минатата година. Сеуште има простор за воигрување меѓу нас, како што ние би сакале и секако какви се плановите на нашиот тренер. Сепак ние утре ќе дадеме се од себе да ги оправдаме очекувањата на нашите фанови - изјави Станимировиќ.
Тимот на Крајова е веќе пристигнат во Куманово а вечерва го имаат и првиот тренинг. Спортскиот директор Младен Давидовиќ објасни зошто натпреварите се играат во „непопуларниот“ термин од 17:30.
Имаме реакции од граѓаните за треминот за одигруање на натпреварот. БИБЛ лигата и МРТ го диктираат терминот за одигрување на натпреварот доколку тој се игра во живо. Истото важи и за натпреварите од домашната лига - изјави спортскиот директор.
Давидовиќ додаде дека клубот е во тешка финансиска состојба и ги повика љубителите на кошарката да си купат билет и да го проследат натпреварот во едно и да помогнат на клубот.
После инцидентот на натпреварот со Вардар, неизвесно е дали на натпреварот ќе присуствуваа навивачката група Кумани.