Ѓоковиќ и Надал во четвртфиналето во Монтреал
09.08.2013 07:09
| KumanovoNews
Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се квалификуваа во 1/4-финалето на турнирот од сериите Мастерс во Монтреал.

Шампионот од "Вимблдон" Енди Мареј пак изгуби со 4:6, 3:6 од Летонец Ернестс Гулбис. Првиот поставен и трикратен шампион во Канада, Ѓоковиќ го загуби првиот сет, пред да го надигра со 2:6, 6:4, 6:4 Денис Истомин.
Надал пак немаше поголеми проблеми со Полјакот Јежи Јанович со 7:6, 6:4. Надежта на домаќините Васек Посписил го отстрани петтиот во шемата Томаш Бердих со 7:5, 2:6, 7:6, додека 11-тиот поставен Милош Раонич го совлада поранешниот шампион од УС Опен, Хуан Мартин Дел Потро со 7:5, 6:4.