Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српскиот тенисер издвојуваше лесна победа и се пласираше во 1/4 финалето на третиот Грен Слем за оваа сезона, откако вчера славеше со 3-0 во дуелот против францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга.
По оваа победа Новак заслужено се најде помеѓу осумте најдобри тенисери на Вимблдон.
Во наредното коло Ѓоковиќ ќе се сретне со хрватот Марин Чилиќ.
Ниту Енди Мареј немаше проблем за издвојување победа против јужноафриканецот Андерсон со убедливи 3-0.
Кај дамите дуелот помеѓу Ана Ивановиќ и Сабине Лисицки заврши во полза на Лисицки со 2-1 во сетови. Захалова од Чешка со 2-0 се прослави над Каролин Возниацки од Данска, а пак русинката Макарова со 2-0 ја совлада тенисерката Радванска од Полска.