Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово утре ќе играат против тимот на Пелистер во рамките на 17.коло од Супер лигата.
Под знак прашање беше утрешниот настап на ракометарите во Битола. Сепак испочитуван е договорот помеѓу клубот и Локалната самоуправа, и денеска е уплатена првата половина од платите на ракометарите за декември. Втората половина треба да биде платена на 1.април.
РК Куманово утре излегува на мегдан против големиот Пелистер, каде што домаќинот е голем фаворит.
Екипата на Пелистер има три или четири нови играчи од гостувањето во Куманово, кога ние успејавме да победиме. Тие се секако фаворит за победа во овој меч, меѓутоа тоа не не спречува да го дадеме својот максимум и да се обидеме да направиме изненадување, што ќе ни обезбеди подобра позиција на табелата - изјави тренерот на РК Куманово Миодраг Јовановски Црни.
Натпреварот се игра во салата Младост во Битола со почеток во 18 часот.