×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државен атлетски натпревар во Куманово

    08.05.2015 10:18 | KumanovoNews

    Ученици од цела Македонија ќе се натпреваруваат во трчање, фрлање на ѓуле, скок во височина и далечина.

    Државен атлетски натпревар во Куманово

    На полигонот во средното техничко училиште “Наце Буѓони“ денеска се одржува државно атлетско првенство, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија.

    Тука ни се дојдени најдобрите атлетичари. Имаме повеќе скокачки и  тркачки дисциплини. Јас се надевам дека традицијата успеавме да ја задржиме. Куманово во атлетиката има еден сериозен подем последниве години. И ова државно првенство кое се одржува секоја година во месец мај е една добра влечна сила, не само за средните училишта, туку и за основните каде што атлетиката полека заживува. Атлетиката влегува посериозно во училиштата“ - изјави Александар Туфекчиевски, претседател на Федерација на училишен спорт на Македонија.

    Учесниците се натпреваруваат во машка и женска конкуренција.

    Ќе се натпреварувам во скок во височина, скок во далечина и четири пати по 100 метри трчање. Во сите три категории очекувам прво место. Ова е еден од натпреварите со јака конкуренција и се подготвував малку повеќе - вели Никола Стојановиќ, ученик од Гимназија “Гоце Делчев“.

    Ова првенство има традиција од педесетина години, а Скопје и Куманово неколку пати досега биле домаќини на едно вакво натпреварување.