×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два медала за младите кумановски гимнастичари

    02.07.2021 11:12 | KumanovoNews

    Гимнастичкиот клуб „Атлета“ изминатиот викенд забележа одлични резултати на државното првенство кое се одржа во Битола, каде што троицата натпреварувачи се вратија со два медала. 

    Два медала за младите кумановски гимнастичари

    Учество на натпреварот по земаа Калин Илијевски (6 години), Милош Јовановиќ (8 години) и Вања Денковска (13 години). Илијевски беше најуспешен и стана државен првак во категорија помлади пионери, а Јовановиќ го освои третото место во истата конкуренција. Денковска заврши меѓу најдобрите седум гимнастичарки во категоријата јуниорки. 

    Гимнастички клуб "АТЛЕТА" -Куманово е формиран во 2019 година. По 30 години за прв пат кумановските гимнастичари учествуваат на вакво големо натпреварување. Нашата цел е во Куманово гимнастиката се врати таму кај што и е местото - на врвот. Гимнастиката сама по себе претставува многу тежок спорт но со голема посветеност, труд и максималниот фокус од страна на тренерите и гимнастичарите доаѓаат до израз добрите резултати - изјавија од клубот. 

    Тие додадоа дека секојдневно вршат упис на нови членови, и тоа од 4 годишна возраст па до 15 годишна возраст и ги повикаа сите заинтересирани слободно да им се обратат.