Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб на Куманово, по потпишувањето на договорот со стратегот Владимир Мирковски, доведе две засилувања во тимот, Американецот Хулио Гуити на центарската и Дамјан Робев на бековската позиција.
Странското засилување Хулио Гуити е 25 годишен кошаркар, кој завршил на Универзитетот Монтевало. Доаѓа од ерменскиот клуб Урарту, а претходно играл и во националните првенства на Босна и Херцеговина и на Малта, каде со својата екипа го освоил првото место.
Во последната сезона имал во просек 12.7 поени, 2.2 асистенции и 11.5 скокови. Играчот има потпишано максимален договор од една година. Од Американецот се очекува да го обезбеди обрачот пред се во одбраната, каде Куманово во изминатите сезони го имаше најголемиот проблем со посилните екипи.
Робев има 23 години и претходно настапувал во екипите на Гостивар и Вардар. Во изминатата сезона во КК Вардар бележи во просек 12.2 поени, 2.5 асистенции и 4.5 скокови. Тој ќе биде уште еден домашен играч кој ќе му биде на располагање на тренерот за следната сезона. Дамјан Робев со своето скромно искуство во македонскиот шампионат се очекува да му помогне на тимот до повисок пласман.
(Д.Давитковски)