Џанер Осман е првото засилување на КК Куманово
13.08.2014 08:08
| KumanovoNews
Поранешниот кошаркар на Струмица Џанер Осман е нов кошаркар на КК Куманово.

Осман е поранешен младински репрезентативец, а има настапувано во тимовите на Босна, во младинската екипа на Анадолу Ефес, Пертевнијал Истамбул и Ердимиспорт во втората турска лига.
Минатата сезона тој настапуваше за тимот на Струмица. Стетистички гледано, во регуларниот дел од сезоната имаше учинок од 6.2 поени и 2.2 асистенции, додека во Супер-лигашкиот дел од сеозоната постигнуваше 7.3 поени, 3.2 скока и 2.1 астистенција по натпревар.
Осман игра на позицијата бек-шутер.